ПОЧИНА СИНОТ НА МЕТОДИЈА АНДОНОВ-ЧЕНТО Илија беше министер во првата влада на Република Македонија
Илија Андонов-Ченто беше најстариот син на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.
На 92 години почина Илија Андонов-Ченто, син на Методија Андонов-Ченто и министер во првата влада на Република Македонија по нејзиното осамостојување.
Илија Андонов Ченто беше градежен инжeнер по професија и е запаметен по изградбата на браната Калиманци.
Тој беше најстариот син на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.
Посмртните останки на Илија Андонов Ченто утре во 14 часот ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел во Скопје, а погребот ќе се изврши во 15 часот.