ЈА ПРАШАЛ ДАЛИ Е ОД СРБИЈА И СЛЕДЕЛ СИЛЕН УДАР Нападната е српската амбасадорка во Шпанија

Нападот бил пријавен во полиција која пристигнала на местото на настанот и извршила увид.

3,536

Амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац, вчера била нападната во центарот на Мадрид, јавуваат медиумите.

Според присутните, на амбасадорката додека таа разговарала на телефон на српски и пришол помлад маж и ја прашал дали е од Србија, а тој ја удрил со нога во грбот и побегнал, објави Време.






Нападот бил пријавен во полиција која пристигнала на местото на настанот и извршила увид.

Министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ го осуди овој напад врз амбасадорот.

Во објава на Х напиша дека ваквите акти на насилство се неприфатливи.

„Најостро го осудувам подмолниот физички напад врз амбасадорката Ирена Шарац во центарот на Мадрид. Ваквите акти на насилство се неприфатливи и на нив мора да се одговори со брза и решителна акција“, објави шефот на српската дипломатија на 8 септември на социјалната мрежа Х.


Од Министерството за надворешни работи на Србија (МНР) засега не објавуваат повеќе детали за овој случај.

Поврзани содржини