📷 „КОМИТИТЕ“ ГИ ГУШНАА ФУДБАЛЕРИТЕ Вардарци им ветија на навивачите дека лавовски ќе се борат на секој натпревар
„Бараме само едно: БОРБА И САМО БОРБА“, порачаа „Комити“ преку Фејсбук.
Претставници на навивачката група „Комити“ вчера присуствуваа на тренингот на ФК „Вардар“.
„На сите кои во овој момент раководат со клубот, на стручниот штаб, како и на фудбалерите, јасно им се даде до знаење кои се целите и црвените линии кои не смеат да бидат поминати! Приказната за клубот на народот, крваво ја градеа илјадници луѓе и затоа нема да дозволиме никој да си поигрува со идентитетот на нашата борба. Воедно, упативме целосна поддршка до новиот шеф на стручниот штаб, Срѓан Захариевски и до целиот негов тим. Бараме само едно: БОРБА И САМО БОРБА! За крај, упатуваме апел до сите навивачи на клубот, паузата да ја искористиме за најголема комитска МОБИЛИЗАЦИЈА! Нека пркоси црвено-црното, нека доминира“, се вели во соопштението на „Комити“.