ТРАМП ВЛЕГУВА ВО БИЗНИСОТ СО КРИПТОВАЛУТИ Најави сопствена платформа за тргување
Доналд Трамп ја поддржува индустријата за криптовалути и ја спомена неколкупати во неговата претседателска кампања.
Поранешниот претседател на САД и претседателски кандидат на ноемвриските избори Доналд Трамп соопшти дека неговата организација создала нова платформа за криптовалути со назив „The DeFiant Ones“.
Тој информација ја сподели на мрежата „Truth Social“ каде што има 7,5 милиони следбеници.
„Предолго, просечниот Американец беше под притисок од големите банки и финансиските елити. Време е да заземеме став – заедно“, напиша Трамп.
Трамп ја поддржува индустријата за криптовалути и ја спомена неколкупати во неговата претседателска кампања.
Името на платформата „The DeFiant Ones“ е игра на зборови и може да се чита како „пркосен“, додека DeFi е популарна кратенка за децентрализирано финансии.