📷 ДА ГО ВРАТИТЕ ИВИЧНИКОТ НА БИХАЌКА! Писмо од револтиран стар скопјанец

1,067

Ископале канал на улицата Бихаќка, а откако завршиле работа и откако го затрупале, најверојатно забележале дека стариот ивичник што си бил поставен таму пред копањето – просто исчезнал.  И што да прават, што да прават, го вклучиле валјакот, туриле неколку лопати асфалт и израмниле, без воопшто да постават нов ивичник.

Вака накратко звучи приказната што ни ја раскажува стариот скопјанец Сашо, а која ви ја пренесуваме во целост:






„Почитувани,

како стар скопјанец од прадедо морам да реагирам за тоталната човечка неодговорност.

За што станува збор ?

Има некоја фирма (најверојатно добиено на тендер) да промени подземна инфраструктура (кабел или цевка, не знам) на улицата Павел Шатев, поранешна Бихаќка и се вкрстува во продолжение со улицата Антон Попов, поранешна Огњан Прица во Кисела Вода.

Па таа фирма работи толку малоумно, без никакво обезбедување прво на своите работници, па потоа без никакво регулирање на сообраќајот и одбележување за работа на улиците и на крајот на сето тоа, без никаков технички надзор од нарачателот на работите (давателот на тендерот) бидејќи се работи ми се чини полошо и од Африка…

Сакам да кажам дека толку нестручно се изработува (и некој за тоа лапа добри пари), а никој тоа не го контролира и е очигледно, конкретно на самата раскрсница пред палатата Емануел Чучков од каде почнува асфалтирањето на каналот воопшто не е вратен ивичникот во првобитна состојба, туку валјакот си оди рамно како воопшто да не постоел порано ивичник на улицата, а да не зборам за тоа колку ивичници се оштетени од тешките камиони и багерите и верувам дека така ќе останат без ничија одговорност (ниту од изведувачот ниту од нарачателот), а ќе дојде и зима и магли, а ивичници одбележани со црно-жолто ќе нема…

Епа еве ви господа појдовна точка за истражување и барем ако може нешто да се спаси од нашето Скопје и зачува (зашто случајот го пријавив и во сообраќајна полиција преку ЦУК) и ништо не се презема…

Поздрав и убав ден, Сашо“.

Поврзани содржини