📽️ СТРАШНИ ВИДЕА ОД МАЧЕЊЕ НА РУСКИ ВОЈНИЦИ Полни два логори со луѓе, врзани со лисици до таван, кој стои зад сѐ?

Пукате на човек во нозете - добивате три милиони рубли (25.500 фунти) за ранување. Тие пишуваат полномошно за своите луѓе. Човекот умира - добивате 6 милиони рубли (51.000 фунти) за мртвите. Човекот служи, всушност седи во таа визба/ќелија, му ja земаат плата, 200.000 рубли (1.700 фунти) секој месец“, рече активистот за тоа како им била земена платата.

1,381

Ужасните комплекси за тортура што ги користеле командантите на руската армија за да ги принудат граѓаните да се борат и да умрат на бојното поле во Украина како дел од „специјална воена операција“ се откриени во новата медиумска истрага.

Независната руска медиумска компанија „Астра“ откри „визби за мачење“ каде војниците биле врзани со лисици, тепани и принудувани да заминат во војна, објави „Астра“ преку видео.






Во уништена зграда во реонот на штабот на 272 моторизирана бригада, во регионот Нижни Новгород, мажи биле незаконски затворани и подложени на грозоморно насилство, пишува Дејли мејл.

Шокантните снимки ја покажуваат внатрешноста на комплексот, заедно со друга локација во Украина окупирана од Русија, каде што затворениците може да се видат стуткани во кревет со лисици на рацете. Официјално, ниту еден од овие комплекси не постои, но тие се дизајнирани да ја скршат волјата на секој од затворениците и да ги принудат да прифатат да бидат испратени во борба.

„Во Нижни Новгород мажите со денови беа држени под надзор на припадниците на воената полиција без вода, храна и тоалети. Со нив се однесуваат како добиток, под надзор на безмилосниот капетан Богдан Романов“, се наведува во руските медиуми.

Се додава дека на затворениците често им се одбива лекарски преглед или операција, иако многумина се повредени.

„Еден војник дури беше задржан таму иако ја загуби ногата. Најмалку на тројца затвореници им беа скршени ребрата со полициска палка и беа вратени назад на фронтот“, вели Астра.

 

Вториот логор во Доњецк

Во друг „концентрационен логор“ во регионот на Доњецк, во областа под руска окупација, во напуштениот рудник „Петровска“ се наоѓа „подвижна лента за тортура“, се вели во извештајот. Меѓу затворениците има војници кои одбиле да учествуваат во руските напади или т.н. „човечки бранови“ во првата линија на фронтот. Други биле приведени поради обид за бегство или за други наводни прекршоци. Наводно и рудникот „Петровска“ е локација каде се злоупотребуваат или истребуваат луѓе кои се сметаат за непријатели на Русија.

Се верува дека комплексот за мачење во Доњецк го надгледува Илја Иванов, заменик командант на 5-та моторизирана бригада. Неговите команданти ги принудуваат своите подредени на т.н месни напади измачувајќи ги.

– Таму носат војници со кеси преку глава. Не даваат храна. Ти даваат торба ако сакаш да одиш во тоалет. Кога ме фатија, не обесија од таванот со синџири за раце и нозе – рече еден поранешен затвореник.

Ова е и профитабилен бизнис

Овој комплекс го користат и командантите на штабовите за регрутирање за пари, според Астра.

Во затворот се врши измама, односно земање плата од руската армија и обештетување за заплашените мажи во занданите, тврди активистот за човекови права од Доњецк Максим Ведоправ. Тој вели дека првото нешто што им го прават на луѓето што ги фаќаат кога ги носат во подрум е да им ги земат платежните картички или да ги тераат да напишат полномошно за плаќање на фиктивни луѓе.

„Пукате на човек во нозете – добивате три милиони рубли (25.500 фунти) за ранување. Тие пишуваат полномошно за своите луѓе. Човекот умира – добивате 6 милиони рубли (51.000 фунти) за мртвите. Човекот служи, всушност седи во таа визба/ќелија, му ja земаат плата, 200.000 рубли (1.700 фунти) секој месец“, рече активистот.

Поврзани содржини