📽 СЕ ЗАБАРИКАДИРАЛ ВО КУЌА И ОТВОРИЛ ОГАН ВРЗ ПОЛИЦАЈЦИТЕ Босанската полиција смртно застрела мигрант
Полицијата во Требиње посочи дека лицето е убиено околу 23 часот по локално време.
Босанската полиција застрела мигрант кој отвори оган врз полицајци од напуштена куќа во близина на градот Требиње, во босанската Република Српска.
Полицијата во Требиње посочи дека лицето е убиено околу 23 часот по локално време.
Полицијата и жандармеријата вчера го опколија селото Зови До, каде засега непознато лице, за кое се претпоставува дека е странец, се забарикадирало во куќа уи пукало од огнено оружје. Нема повредени полицајци, пренесе БТА.
Жителите на селото изјавиле дека лицето вчера рано утрото фрлило експлозивна направа врз локален жител. Нема информации за повредени.