📽 ШУТ ЗА 4 ПОЕНИ Ново кошаркарско правило на Филипините
Автор на првиот удар за 4 поени во историјата на кошарката е Американецот од тимот на Болтс, Крис Банчеро.
На натпреварот од Кошаркарската асоцијација на Филипини (ПБА) помеѓу Мералко Болтс и Магнолија Хотшотс (99:94) вчеравечер беше постигнат првиот кош кој вреди 4 поени.
Автор на првиот удар за 4 поени во историјата на кошарката е Американецот од тимот на Болтс, Крис Банчеро.
Пред него, Крис Њусом беше првиот што се обиде да го погоди обрачот од зад лакот за 4 поени, но промаши.
Филипинската лига е првата професионална лига која спроведе линија за 4 поени на далечина од 8,2 метри од обрачот.
Лигата ја тестираше иновацијата на два „Ол-стар“ натпревара.