ЦЕЛ ЛИБАН БЕЗ СТРУЈА Снема гориво и во последната електрана што работеше

543

Цел Либан остана без струја откако последната производна единица на електраната „Аз-Захрани“ престана да работи поради недостиг на гориво, соопшти денеска либанската компанија за електрична енергија.

Поранешниот советник на либанскиот министер за енергија и водни ресурси, Раџа Ал-Али, вчера изјави дека електраните во Либан би можеле целосно да престанат со работа во наредните денови поради недостиг на резерви на гориво во земјата.






Проблемот со снабдувањето со електрична енергија во Либан датира од крајот на граѓанската војна во 1990 година.

Пред почетокот на економската криза во октомври 2019 година, во различни градови и региони населението имаше струја од 12 до 18 часа дневно, а по почетокот на кризата снабдувањето беше намалено на два до осум часа дневно.

Во периодите кога ги снема залихите на гориво во Либан, земјата беше целосно без електрична енергија неколку недели.

Поврзани содржини