„ИМАМЕ ДОВОЛНО МЕХАНИЗМИ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА“ ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа идејата на Вреди за уставни измени против застареност на кривични дела сторени од функционери
Коалицијата Вреди смета дека со уставни измени ќе се ревидираат сите процедури на функционерите кои се прекинати поради застареност на делата.
ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува иницијативата на владиниот партнер Вреди за уставни измени со кои би се предвидело евентуални кривични дела извршени при вршење на должноста никогаш да не застарат. Според пратеникот Бојан Стојановски, во земјава има механизми за борба против корупцијата, но во минатото немало политичка волја.
-Нашиот став е дека со постојната законска регулатива и вкрстувањето на базите на податоци може да се бори против корупцијата. Она што досега недостасуваше е политичката волја за расветлување на овие случаи. За преиспитување и одговорност за криминал, може и треба да се плашат сите оние кои згрешиле пред законот. И треба да знаат дека правда ќе има. Наскоро ќе почнеме со истрага на сите случаи за сите видови корупција – изјави Стојановски.
Коалицијата Вреди смета дека со уставни измени ќе се ревидираат сите процедури на функционерите кои се прекинати поради застареност на делата.
-Законите може да имаат ретроактивно дејство и во случаите поврзани со застареноста на кривичната одговорност за злоупотреби сторени од избрани и именувани функционери при вршење на јавни должности, каде што е причинета штета на јавни средства и буџетски средства на централно и локално нив – ја појацни идејата Фари Хисени, од Вреди.