МОМЧЕ НА ВОЗРАСТ ОД 23 ГОДИНИ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ КИЧЕВО Уште 7 лица имаат тешки и лесни повреди

Несреќата се случила ноќеска на патот Македонски Брод - Кичево.

738

Дваесетитригодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на патот Македонски Брод – Кичево.

Полицијата соопшти дека во несерќата учествувале патничко возило марка „БМВ“ со странски регистарски ознаки, управувано од М.К.(23) од Кичево, патничко возило „Ауди“ управувано од Ѓ.И.(40) од Кичево, како и со 4 паркирани возила: „БМВ“, „Ауди“, „Фолксваген шаран“ и „Опел“.






Во несреќата  починал М.К., а смртта е констатирана во Градска болница Кичево, додека со тешки телесни повреди се здобил вториот возач на „Аудит-то“ Ѓ.И., како и уште 4 сопатници во двете возила, „мерцедес“ и „ауди“, а 2 лица (сопатници), се здобиле со телесни повреди, сите констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

Поврзани содржини