ДУИ СЕ КРИЕ ЗАД ЛАЖЕН ПАТРИОТИЗАМ Јака им е визијата, им порача ВМРО-ДПМНЕ

397

Визионерските политики на ДУИ се јасни како бел ден дури и на милионерите внуци на Ахмети, ограби ја и уништи ја државата и нејзините институции, па криј се зад лажниот патриотизам. Изјавата на Арбр Адеми е трагикомична и може да послужи како пример на отсутен политичар. Ако визијата на ДУИ е да се иселат над 150 илјади Албанци од државава колку што се иселени изминативе 20 години додека ДУИ е на власт тогаш јака визија имаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата доаѓа по изјавата на портпаролот на ДУИ дека тие се визионерски потврдена политичка партија која секогаш се залага за добро на граѓаните и ќе продолжат со истите политики кои носат подобро утро за сите граѓани.






„Ако визијата е притоа милијардери да станат десеттина луѓе од раководството и милионери, уште стотина тогаш треба да ја патентираат визијата. Ако визијата е да ги срушат институциите од внатре и да ги пљачкаат злоупотребувајќи ја власта моќта и довербата на нивните гласачи, тогаш јака им е визијата. Ако визијата им е да станат зелени пошто ги решиле сите етнички гласања па после прави зашто се за ЕУ без притоа да дадат еден проект за животна средина и една проевропска реформа, тогаш јака им е визијата. Поради визијата на ДУИ над 70 проценти од Албанците во државава живеат тешко и едвај поминуваат месец, работат макотрпно, а трудот не им се исплати додека овие од ДУИ со визијата се богатат екстремно“, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Адеми денеска порача дека ќе ги искористат сите демократски механизми што им се на располагање за да се санкционира, да се почитува волјата на граѓаните изразена на слободни и демократски избори и одби да одговори дали на попладневната седница на партиското централно претседателство ќе се разговара за излегување на протест наесен.

Поврзани содржини