НИЕ СМЕ ГАРАНТ НА МИРОТ Ќе ги преземеме сите демократски средства за да го спречиме понижувањето на Албанците, велат од ДУИ

838

ДУИ попладнево испрати соопштение по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека партијата на Али Ахмети планира есенва да ја дестабилизира државата за да го заштити капиталот кој нелегално е стекнат во текот на изминатите 20 години.

„ДУИ како државотворна партија е гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на земјата. Без да ги коментираме политичките спинови и блефови, сакаме да појасниме дека имаме мандат и одговорност од албанските гласачи за заштита на легитимитетот, политичката волја и достоинството на гласот и Албанскиот народ  во Северна Македонија. Ќе ги преземеме сите демократски мерки и средства за да го спречиме понижувањето и мајоризацијата на Албанците преку наметнување на вазали“, се наведува во соопштението на ДУИ.






Оттаму наведуваат дека во врска со обвинувањата за прекршување на законот, уште еднаш ги повикуваат политичките партии на проверка на сите носители на јавни функции со меѓународна помош за да прекине, како пто додаваат, ловот на вештерки и злоупотребата на борбата против корупцијата за политички цели.

„Веднаш поканете ја меѓународната заедница да испрати експерти за целосна проверка на секој од нас и на вас, вклучително и истрага за процесот на приватизација“, истакнуваат од ДУИ.
Поврзани содржини