ГРАБНАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА И ЈА СИЛУВАЛ 2 МЕСЕЦА ВО СВОЈОТ ДОМ – ДРУГИ ДВЕ ЛИЦА ЈА ТЕПАЛЕ! Кривична пријава против тројца велешани

Во текот на месец мај 2024, малолетникот против нејзината волја однел во својот дом во Велес 17-годишна малолетничка од Скопје, каде во текот на два месеци во неколку наврати имал сексуален однос со неа, а К.Е. и А.Е. во неколку наврати физички ја нападнале, информираше МВР.

749

СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик и  „полов напад и силување“, казниво по член 186 од Кривичниот законик, информираше Министерството за внатрешни работи.

Кривична пријава е поднесена и против К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело  „телесна повреда“, казниво по член 130 ст.2 од Кривичниот законик.






„Во текот на месец мај 2024, малолетникот против нејзината волја однел во својот дом во Велес 17-годишна малолетничка од Скопје, каде во текот на два месеци во неколку наврати имал сексуален однос со неа, а К.Е. и А.Е. во неколку наврати физички ја нападнале. Тие биле лишени од слобода и по документирање на случајот, поднесена е кривична пријава“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини