ЛИТИУМОТ Е ШАНСА ЗА СРБИЈА Премиерот Вучевиќ очекува согласност од фелата дека ќе има две добра – и рудник и здравје

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, наведува и дека Србија треба да ги искористи потенцијалите што ги има, да ги развива, да биде силна, да има повеќе пари за инвестирање во инфраструктурата, животниот стандард, здравството, армијата, спортот и во културата.

219

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, зборувајќи за литиумот, рече дека оваа руда нема да се ископува доколку не се добијат гаранции од професијата, објави српски Курир.

– Тука живеат нашите родители и нашите деца, никој не е злобен да направи нешто на штета на државата – рече Вучевиќ.






Тој очекува дека Декларацијата за заедничката иднина на српскиот народ ќе биде усвоена во Собранието, но не со консензус.

– Работата на претседателот на Републиката и на Владата не е да се грижат за странски интерес, туку за државата и за нашите граѓани. Ништо нема да се направи додека не добиеме гаранции од професијата – домашна, европска и светска – дека не се загрозени здравјето на луѓето и животната средина. Никој не е глупав, луд или злонамерен да работи против својата земја. Па, ние живееме во оваа земја. Дишеме ист воздух, пиеме иста вода. Нашите родители и деца живеат овде. Немаме резервни позиции, немаме други земји. Никој нема да работи ништо против сопствената земја – рече премиерот Милош Вучевиќ, зборувајќи за литиумот.

Премиерот наведува и дека Србија треба да ги искористи потенцијалите што ги има, да ги развива, да биде силна, да има повеќе пари за инвестирање во инфраструктурата, животниот стандард, здравството, армијата, спортот и во културата.

– Навистина мислам дека ова е нашата шанса. И повторувам, ништо нема да се направи додека не добиеме гаранции од професијата, а не од политиката – изјави Вучевиќ.

Повик до институциите да бидат на ист фронт

Српскиот парламент расправа за 60 точки од дневниот ред, меѓу кои и за Декларацијата за заштита на националните и политичките права и за заедничката иднина на српскиот народ. Вучевиќ смета дека усвојувањето на тој документ би било силна порака дека, без разлика на која партија ѝ припаѓаат, пратениците се обединети кога станува збор за ова прашање.

– Ова е одговорот на државата, кога велам одговор – подготовка на активностите на државата за сѐ што се случува и што е предвидување што може да се случи. Имаме постојан напад врз Србите во Косово и Метохија, имаме постојан притисок врз Србија во однос на прашањето за Косово и Метохија, имаме континуирани обиди за ревизија на Дејтонскиот договор исклучиво на штета на Република Српска и на нејзината јурисдикција, имаме оспорување на националните права на нашиот народ во регионот и во одредени земји – рече Вучевиќ.

Тој смета дека тоа е повик до сите институции и поединци за зачувување на националниот идентитет.

Вучевиќ очекува Декларацијата да биде усвоена, но не со консензус

Премиерот посочува дека Република Србија и Република Српска, без никого да загрозат и без да оспоруваат држава, во тој документ ги дефинирале своите национални цели кон заштитата на националниот идентитет, култура и духовност.

– За жал, колку што добив впечаток во овие три дена работа во Народното собрание, тоа нема да биде усвоено со консензус. Очекувам, се разбира, усвојување бидејќи има политичко мнозинство, но некои партии мислат, некои луѓе, поединци, сметаат дека тоа не е важно. Побарав од пратениците да излезат од тие партиски капути, или униформи и дресови, и да се обидат да бидат сплотени, барем во однос на оваа декларација, а тоа би било силна порака – рече премиерот.

Поврзани содржини