ПРИЛЕПЧАНЕЦ ПРЕГАЗИЛ ПОЛИЦАЈЦИ Го сопреле, а тој го стартувал возилото на нив

Полициски службеници запреле патничко моторно возило  „бмв" со прилепски регистарски ознаки, управувано од  Д.Н. од Прилеп, информираат од МВР.

1,233

Полициски службеници се повредени откако се обиделе да сопрат возило со прилепски регистарски ознаки. Кога полицајците се приближиле до возилото, возачот го стартувавал возилото и се обидел да побегне.

„На 12.07.2024 околу 16.00 часот во Прилеп, на крстосница на ул. „Прилепски бранители” и булевар „Гоце Делчев” полициски службеници запреле патничко моторно возило  „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од  Д.Н. од Прилеп, но кога се приближиле до возилото, Д.Н. го стартувал возилото и при тоа ги повлекол двајцата полициски службеници, при што им нанел телесни повреди.






Се преземаат мерки за расчистување на настанот“ – известуваат од МВР.

Поврзани содржини