АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ БАРААТ ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШИ Претседателката Димитровска добила, но не и останатите членови на комисијата

Легитимно право е на секој член да си побара, има институција која ќе цени дали им следува - рече претседателката Димитровскаи објасни дека тоа им следува како избрани функционери и дека тие често се поканети на настани во други држави.

166

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска добила дипломатски пасош од Министерството за надворешни работи.

Како што рече во интервју за ТВ 24 (на 28 минута) нејзините колеги од Антикорупциска, односно шесте челнови кои поднеле барања, се уште чекаат одговор од МНР.






– Побарани се дипломатски пасоши за членовите на Комисијата, обезбеден е само за мене како нејзин претседател. За другите членови нема ни одговор дали ќе има дипломатски пасош. Легитимно право е на секој член да си побара, има институција која ќе цени дали им следува – рече претседателката Димитровскаи објасни дека тоа им следува како избрани функционери и дека тие често се поканети на настани во други држави.

Од МНР велат дека Димитровска го добила дипломатскиот пасош по проценка на претходниот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Никој од претходниот состав на ДКСК нема добиено дипломатски пасош, ниту пак некој од нив побарал.

Поврзани содржини