СÈ Е ПОДГОТВЕНО ЗА НАЈГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ СПЕКТАКЛ Отворено Олимписко село во Париз

Олимпиското село се протега на површина од 54 хектари, се наоѓа северно од Париз, ќе биде домаќин на најмалку 14.500 олимпијци и помошен персонал, а по Игрите селото ќе се трансформира во еколошка населба.

559

Во Париз денеска свечено е отворено Олимпиското село за претстојната Олимпијада, каде ќе престојуваат спортистите и придружниот персонал.
Олимпиското село се протега на површина од 54 хектари, се наоѓа северно од Париз, ќе биде домаќин на најмалку 14.500 олимпијци и помошен персонал.

По Игрите, селото ќе се трансформира во еколошка населба од која ќе имаат корист 6.000 жители и ќе вклучува две училишта, хотел, јавен парк, пазари и уредени површини за пешаци и немоторни возила.
До почетокот на Олимписките игри во Париз остануваат уште 8 дена. Свеченото отворање на Олимпијадата е закажано за 26 јули во 19 часот и 30 минути. Игрите ќе траат до 11 август.






По завршувањето на Олимписките игри следуваат Параолимписките игри кои ќе се одржат од 28 август до 8 септември.

Поврзани содржини