МУНИЦИЈА ИЗГОРЕЛА ВО ПОЖАРОТ КАЈ СЕЛЦЕ-ДРАГОЕВО Кризниот штаб на Штип утре ќе заседава и за големиот пожар кај Серта

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов најави дека утре рано наутро состанок ќе има и Кризниот штаб на Општина Штип, на кој ќе се разгледува состојбата со пожарите и во штипскиот дел на планината Серта.

1,795

Центарот за управување со кризи(ЦУК) попладнво соопшти дека е добиено известување од РЦУК – Штип дека пожарот Селце – Драгоево на кракот кај АБХО полигон, поради зголемување на температурите и појава на ветер, е разгорен и префрлен преку трасата на гасоводот. На еден дел е сопрен од страна на ТПППЕ-Штип меѓутоа на друг дел има префрлено преку трасата и се слуша пукање на муниција.

Поради загрозеност на безбедноста на екипите од пукање на муниција и густ чад, пожарникарите се повлечени на безбедно растојание. Доколку се во можност ќе продолжаат со гаснењето на пожарот. Од градоначалникот на Штип побарано е дополнителна подршка со градежна механизација за правење пресеци.






Штипскиот градоначалник Иван Јорданов најави дека утре рано наутро состанок ќе има и Кризниот штаб на Општина Штип, на кој ќе се разгледува состојбата со пожарите и во штипскиот дел на планината Серта.

Јорданова информираше дека горат неколку локации во штипскиот дел на планината Серта, а огнот повторно е распламтен над селото Драгоево кон воениот полигон Пенуш.

Десетина пожари се активни попладнево во Македонија, а најсериозниот е на планината Серта. Утре треба да пристигнат три хеликоптери од соседството, додека два ер-трактори од Турција утринава помагаа во гаснењето на овој голем пожар.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вечерва изјави дека полицијата веќе има информации за неколку предизвикувачи на пожари. Зборувајќи за забраната за движење во шума, Ангелов рече дека ниту еден планинар досега не предизвикал пожар и оти пожарите секогаш избувнуваат во близина на урбани средини, ниви или стрништа и дека има и подметнати пожари како во Кавадарци.

Поврзани содржини