КРИВИЧНА ПРОТИВ ПЕДОФИЛ ОД ВЕЛЕШТА Произведувал детска порнографија

Според информацијата, полицијата поднела кривична пријава против 28-годишниот И.Ј. од селото Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

193

28-годишен жител од струшкото село Велешта е осомничен за производство и дистрибуција на порнографски материјал, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, полицијата поднела кривична пријава против 28-годишниот И.Ј. од селото Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.






– Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина – изјави портпаролот Стефан Димоски.

Полициски службеници, како што појасни, направиле претрес во неговиот дом во Велешта, при што биле пронајдени експлицитни фотографии кои биле одземени.

Поврзани содржини