ОВА СЕ СИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО НА ЕП Веќе на стартот финале пред финалето, Германија игра против Шпанија

Првите два натпревари од четвртфиналето ќе се играат на в петок, а другите два се закажани за в сабота.

499

Познати се сите четвртфиналисти на ЕП 2024: Германија, Шпанија, Португалија, Франција, Швајцарија, Англија, Холандија и Турција.

Швајцарците во саботата го елиминираа бранителот на титулата Италијанците во првото четвртфинале, Германците триумфираа во дуелот со Данците. И тоа беше првиот ден од нокаут фазата.






Во неделата Англичаните беа на една минута до елиминација, но по продолжение ја елиминираа Словачка. Шпанците пак беа убедливи против Грузија.

Во понеделникот Французите најпрвин ги победија Белгијците, а потоа Португалците ги елиминираа Словенците по вистинска драма и изведување пенали.

Синоќа на крајот тоа им успеа на Холанѓаните и Турците. Еве ги комплетните четвртфинални двојки.

Четвртфинални парови:

05.07. Штутгарт: Шпанија – Германија

05.07. Хамбург: Португалија – Франција

06.07. Дизелдорф: Англија – Швајцарија

06.07. Берлин: Холандија – Турција

Поврзани содржини