АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ РЕАГИРА ЗА БАЛАНСЕРОТ „Овие игри можат да бидат штетни“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој прв најави укинување на Балансерот, да не мисли дека сите Албанци се како неговите сервили, кои тој самиот ги избра за послушен партнер во неговите застрашувачки проекти, реагираат од Алијанса за Албанците во врска со најавите за фазно укинување на Балансерот.

736

Алијанса за Албанците реагираше на денешните најави на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во врска со фазното укинување на Балансерот.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на партијата:






„Нелегитимната власт започна со имплементација на планот против правична и соодветна застапеност на Албанците и другите етнички заедници во државните институции. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го најави првиот чекор кон укинување на Балансер, враќање на процентот само на резидентни лица, со што застапеноста на Албанците повеќе нема да биде 30 отсто, туку се враќа чекор назад на 25 отсто. За да не се задоволи со ова, тој предупредува и на законски измени за целосно укинување на овој механизам, кој е еден од главните столбови на Охридскиот договор.

Во меѓувреме, пред овој опасен и штетен проект за сите етнички заедници во државата, партиите од коалицијата кои ги загубија изборите седат со скрстени раце и затворена уста. Пред очите на партиите кои себеси се нарекуваат Албанци, по две децении од потпишувањето на Охридскиот договор започнува најтешката дискриминација и мајоризација.

Ја повикуваме нелегитимната власт итно да ги прекине овие игри кои и штетат на меѓуетничката кохезија, на правата на етничките заедници и можат да донесат сериозни последици за иднината. Премиерот Христијан Мицкоски, кој прв најави укинување на Балансерот, да не мисли дека сите Албанци се како неговите сервили, кои тој самиот ги избра за послушен партнер во неговите застрашувачки проекти“, реагираат од Алијанса за Албанците.

БАЛАНСЕРОТ ЌЕ СЕ УКИНУВА ВО ФАЗИ Прво ќе се усогласи со Пописот од 2021 ама само на резидентите

 

Поврзани содржини