📽️ ПОЛИЦАЕЦ ЗАПАЛЕН ВО АТИНА! Ја чувал куќата на претседателот на судот, напаѓачите фрлиле молотов коктел штом влегол во возилото

Не се знае кој го извршил нападот, а медиумите повикувајќи се на полициски извори пишуваат дека очигледно тој полицаец бил цел на нападот, а не куќата на претседателката на Врховниот суд, Јоана Клапа.

759

Полицаецот кој ја чувал куќата на претседателот на Врховниот суд на Грција во Атина синоќа бил примен во болница поради изгорениците што ги добил во нападот со молотов коктел, соопштија грчките власти.

Полицаецот изјавил дека наводно напаѓачите биле во паркиран автомобил во близина и пришле и фрлиле молотов коктел кога влегол во патролното возило, веројатно за да не може да избега од пожарот.






Сепак, тој успеал да излезе, при што му изгореле рацете и лицето, додека патролното возило цело изгорело.

Не се знае кој го извршил нападот, а медиумите повикувајќи се на полициски извори пишуваат дека очигледно тој полицаец бил цел на нападот, а не куќата на претседателката на Врховниот суд, Јоана Клапа.

Медиумите наведуваат и дека напаѓачите успеале да ги избегнат блиските надзорни камери.

Полицијата во Грција е честа цел на напади на грчките ултралевичарски милитантни групи, иако во последните години имаше помалку напади со посериозни последици.

Поврзани содржини