ОБЛАЦИ НАДВИСНАА ВО ТЕТОВО, ВЕЛЕШКО И ОХРИДСКО Од УХМР најавуваат невреме и можна појава на град

Освен Тетово, кое претходно е зафатено од невреме, нестабилно е во Охридскиот регион, Велешко и северозападниот дел од Скопската Котлина.

504

Според радарските слики и движењето на нестабилната воздушна маса, се очекува Тетово и Тетовскиот регион да биде зафатен со невреме од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Освен Тетово, кое и претходно беше зафатено од невреме, нестабилно е во Охридскиот регион, Велешко и северозападниот дел од Скопската Котлина.

Поврзани содржини