НА ТАБАНОВЦЕ СЕ ЧЕКА ДО 30 МИНУТИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА Тргна бранот туристи

101

На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини