📽 РЕАГИРАМ НА НЕПРАВДИ, ВЕТУВАМ ЕКОНОМСКИ РАСТ Димитриеска Кочоска ќе работи за капитални инвестиции и за пониски даноци

519

Јас како и сите вие, ги споделуваме истите грижи, се будиме со истите проблеми за кои посакуваме решенија. Предолго државата беше ставена на маргините. Не сум човек кој се помирува со зададената судбина, затоа што цврсто верувам дека на крајот сите ние ја создаваме промената. Борбата за повисок животен стандард е можна само ако го дадеме сите максимумот, порача преку социјалните мрежи Гордана Кочоска Димитриеска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ и предлог за министерка за финансии.

„Тие што ме познаваат добро знаат дека реагирам на секоја неправда, се борам за секој човек во кој верувам. Македонија мора да ја промениме. Тоа започнува со новата влада. Како министер за финансии ќе работам за пониски даноци, за поголема правилна дистрибуција на капиталот, за капитални инвестиции, за економски раст и развој. Верувам во капацитетот на секој еден човек. Доаѓа време во кое државата треба да му врати на народот. Македонија за сите, Македонија за тебе! Почнуваме“, порача Кочоска Димитриеска.






Поврзани содржини