ПОРАДИ НАВРЕДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ И КОН СРБИТЕ Албанскиот фудбалер Даку е суспендиран од УЕФА

Европската куќа на фудбалот го казни со два натпревари неиграње.

2,391

Албанскиот фудбалер Мирланд Даку е суспендиран од УЕФА поради навреда кон Македонците и кон Србите.






По мечот со Хрватска (2:2) во Хамбург на ЕВРО 2024, Даку навредливо скандираше против Србија и Македонија.

„Е.и ги Македонците…, е.и ги Србите…“, извика тој по дуелот со Хрватска, неспортско однесување кое наиде на осуда од целата европска фудбалска јавност, но и од албанските фудбалски аналитичари и јавност.

Поради ова, европската куќа на фудбалот го казни со два натпревари неиграње.

Тоа значи дека ќе го пропушти натпреварот од третото коло од групата Б утре против Шпанија.

 

фото: Екипа

Поврзани содржини