БИТИЌИ ВЕЛИ ВО ИЗБОРНА КАМПАЊА СЕ ВОДИ ЛИЧНА БИТКА Еден од кандидатите за лидер не верува во социјалдемократските вредности
Изборната кампања за претседател не се одвива на најдобар начин бидејќи не сите учесници во изборната кампања веруваат целосно во вредностите на СДСМ и иделогијата и забораваат дека ова не е лична битка, истакнува пратеникот на СДСМ во интервју за Радио Слободна Европа.
Пратеникот Фатмир Битиќи, кој неколку години претходно беше и вицепремиер за економски прашања во владата на СДСМ-ДУИ, во интервју за РСЕ вели дека секојдневно размислувал да се кандидира за нов лидер на социјалдемократите, но, смета дека на партијата не и треба дополнителна поделба и групирање.
Неговиот став е дека кампањата за иден претседател на СДСМ не се одвива на најдобар начин.
– Сметам дека изборната кампања за претседател не се одвива на најдобар начин бидејќи не сите учесници во изборната кампања веруваат целосно во вредностите на СДСМ и иделогијата и забораваат дека ова не е лична битка. Ова е битка за партијата, за државотворна партија која покажала низ децении дека се грижи за сите – вели Битиќи.
На прашањето „на кого конкретно мислите?“ Битиќи одговара:
– Мислам дека самите ќе проценат. Не многу, еден од четворицата. Луѓе кои претходно бојкотирале или воопшто не ги поддржувале партиските активности а секогаш добивале од нејзе, не може да претендираат за претседателскиот врв.