МЛАД ПЕШАК Е ТЕШКО ПОВРЕДЕН „Голф“ удрил во него кај Бит Пазар

208

На 21.06.2024 во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Е.(53) од село Љуботен, скопско, удрило во пешакот А.В.(27) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, Р.М.(59) од с.Љуботен, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје.

Поврзани содржини