Двете лица кои загинаа вчера во Галичица биле сопружници, соопшти МВР.
Вчера околу 13 часот во провалија покрај патот Охрид-Отешево, полициски службеници со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, а во негова близина биле пронајдени две починати лица. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.
ПАТНИЧКО ВОЗИЛО ИЗЛЕТА ВО ПРОВАЛИЈА НА ГАЛИЧИЦА Две лица загинаа во несреќата