НИКОЈ ВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВА НА НЕТАНЈАХУ Бени Ганц би го победил доколку изборите во Израел се одржат денеска

Анкетите покажуваат стрмоглав пад на довербата во израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

101

Претседателот на израелската Партија за национално единство Бени Ганц би го победил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку изборите се одржат денеска, покажува анкетата објавена неколку дена откако партијата на Ганц се повлече од владата.

Според таа анкета, Ганц би освоил 41% од гласовите, додека 35% од гласовите би му припаднале на Нетанјаху, пренесува Тајмс оф Израел.






Рчиси половина од испитаниците, 42% од нив, изјавиле дека би го поддржале Ганц како нов лидер, а претседателoт на десничарската партија Израел е нашиот дом, Авигдор Либерман, според анкетата има само 2% повеќе гласови отколку Нетанјаху.

Поврзани содржини