УНГАРИЈА КУПУВА УДЕЛИ ВО ГАСНОТО ПОЛЕ „ШАХ ДЕНИЗ“ Сијарто смета дека земјата се штити од променливите цени на енергенсот

Со гасното поле Шах Дениз управува британскиот енергетски гигант БП, сопственик на најголемиот, речиси 30% удел во конзорциумот, во кој се вклучени и азербејџанската државна компанија Јужен гасен коридор и рускиот Лукоил со удел од околу 20%, турската компанија Tuerkiie Petroleri има 19%, додека Нико има најмал сопственички удел од 10%.

257

Унгарија ќе купи удел во азербејџанското гасно поле Шах Дениз за да обезбеди снабдување и да се заштити од флуктуации на цените, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто по состанокот во Баку.

– Откупот на акции ќе ја заштити Унгарија од големи промени во цените на енергетските производи. Унгарија и Азербејџан склучија „историски договор“ – рече Сијарто на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на домаќинот Азербејџан Џејхун Бајрамов во Баку.






Со гасното поле Шах Дениз управува британскиот енергетски гигант БП, сопственик на најголемиот, речиси 30% удел во конзорциумот, во кој се вклучени и азербејџанската државна компанија Јужен гасен коридор и рускиот Лукоил со удел од околу 20%, турската компанија Tuerkiie Petroleri има 19%, додека Нико има најмал сопственички удел од 10%.

Гасот во полето Шах Дениз во Каспиското Море е откриен во 1999 година, на длабочина од 50 до 500 метри. Во првиот квартал од оваа година, ова поле произведе 7 милијарди стандардни кубни метри гас и повеќе од еден милион тони гасен кондензат.

„Производствениот капацитет на фабриката Шах Дениз во моментов е околу 79,5 милиони стандардни кубни метри гас дневно или приближно 29 милијарди годишно“, се наведува на веб-страницата на британската компанија.

Унгарската енергетска компанија МОЛ работи во Азербејџан од 2019 година со купување на 9,57% од акциите на нафтеното поле Азери-Чираг-Гунасли („АЦГ“) и 8,9% удел во суровата нафта Баку-Тбилиси-Џејхан („БТЦ“).

Поврзани содржини