АГРЕСИВНИ ОД 7 ДО 77 Основец се однесувал недолично кон соученичка, беровци се веселеле со пукање во викендичка
Полицискиот билтен известува за повеќе насилства и физички пресметки што се случиле вчера и во текот на ноќта. Ова се дел од нив:
На 31.05.2024 полициски службеници ги лишиле од слобода Т.П.(31) од селото Смојмирово, Беровско, М.Д.(25) и А.З.(25), и двајцата од Берово, по претходна пријава дека од викенд куќа на место викано „Тоскова ливада“, пукале со огнено оружје. Извршен бил увид на местото на настанот при што биле пронајдени и одземени сигнален пиштол „екол специјал 99“ калибар 9мм и пиштол „зораки 917-T“ калибар 9мм, а пронајдени и подигнати биле и испукани чаури. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.05.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, осуденикот Ѓ.М.(43) од Скопје бил физички нападнат од осуденикот К.Ф.(40) од Гостивар.
На 31.05.2024 година во 18.50 часот во СВР Тетово, Љ.С.(30) од тетовска Мала Речица пријавил дека му била злоупотребена банкарска кредитна картичка која не можел да ја најде, а при преглед на неговата сметка забележал дека биле извршени неколку трансакции.
Денеска (01.06.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје, П.М.(56) од Скопје, пријавил дека на 31.05.2024 околу 21.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Бит-Пазар бил физички нападнат од Ј.О. и М.Н., кои потоа заедно со уште две други лица пред објектот оштетиле и инвентар.
На 31.05.2024 во 22.10 часот во СВР Скопје 69-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот брат Ѓ.З.(67) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.
На 31.05.2024 во 17.00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Полициска станица Карпош ги привеле М.П.(52) и С.О.(43), двајцата од Скопје. Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која М.П. се заканувал и со остар предмет.
На 31.05.2024 во 19.45 часот во СВР Скопје, К.Н.(40) од селото Мирковци, Скопско, пријавила дека околу 16.55 часот на подрачјето на Бит Пазар едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело златен ланец што го носела на себе.
На 31.05.2024 во 09.00 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека на 30.05.2024 во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, соученик недолично се однесувал кон нејзината малолетна ќерка.
Денеска (01.06.2024) во 00.07 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во казино на подрачјето на Центар две лица со закана кон вработениот одзеле пари.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.П.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 12.12.2023, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
На 31.05.2024 во 21.50 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 48-годишен татко, според која тој не го почитувал решението од Основен суд Неготино со мерка забрана за приближување и влегување во домот, и дошол во неговиот дом. З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (01.06.2024) во 07.53 часот во Полициска станица Кочани, Р.К.(67) од Кочани пријавил дека во селото Бурличево, Општина Чешиново Облешево, бил физички нападнат од Г.Д.(52) од истото село, кој употребил и тврд предмет.
На 31.05.2024 во 03.55 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.В.(40) од село Водоча, Струмичко. Тој на 30.05.2024 на магистрален пат А-4 Струмица—Радовиш, на место викано „Градашорска крстосница“, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.