ОД ДЕНЕСКА ОЛЕСНЕТ ВЛЕЗ ЗА МАКЕДОНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА Стапија во сила новите правила за визите

Работниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Северна Македонија, Албанија и од Косово можат многу полесно да одат во Германија на неопределено време, и тоа до 50.000 годишно, што е двојно повеќе од претходно, се наведува на сајтот на Министерството.

2,542

Во Германија денеска стапија во сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во земјата и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми.

Друг елемент од правилата што ќе стапат во сила од денеска во Германија е проширувањето на прописите за државјаните на земјите од Западен Балкан, соопшти германското МВР.






Според ова правило, работниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Северна Македонија, Албанија и од Косово можат многу полесно да одат во Германија на неопределено време, и тоа до 50.000 годишно, што е двојно повеќе од претходно, се наведува на сајтот на Министерството.

Работниците од земјите кои не се членки на ЕУ од денеска, 1. јуни ќе можат да аплицираат за „карта за шанси“ која им овозможува да дојдат во Германија и да бараат работа до една година.

„Картата за шанси“, која беше најавена пред две години, е наменета да ги пополни празнините на германскиот пазар на труд, особено во секторите инженеринг, информатичка технологија (ИТ) и здравство, каде има недостиг од дури 400.000 работници годишно.

„Картата за шанси“ обезбедува привремена виза или работна дозвола, што им овозможува на оние кои ќе ја добијат да работат до 20 часа неделно или да стекнат двенеделно пробно работно искуство. Доколку работниците од земјите кои не се членки на ЕУ сакаат да работат со полно работно време, можат да аплицираат за продолжување на престојот доколку веќе имаат понуда за работа.

За да ја добијат картата, апликантите мора да зборуваат германски или англиски јазик и да имаат доказ за средства или плата доволни за покривање на трошоците за едногодишен престој во Германија.

Kандидатите се бодуваат. Четири поени се доделуваат за признаена професионална квалификација или лиценца за работа во професии како наставници, медицински сестри или инженерство.

Три бода се добиваат за пет години работно искуство во последните седум години или за познавање на германски јазик на ниво Б2.

Два бода се доделуваат за двегодишно работно искуство во последните пет години и за кандидати помлади од 35 години или за познавање на јазикот на ниво Б1.

Еден поен добиваат кандидати помлади од 40 години, за престој во Германија во последните шест месеци (но не како турист), за познавање англиски на ниво Ц1 или германски на ниво А2, за обука за дефицитарни занимања или за аплицирање за работа заедно со брачниот другар.

Заинтересираните можат да аплицираат за „карта за шанси“ во германскиот конзулат во нивната матична земја.

Поврзани содржини