📷 ЗМИЈА ВЛЕЗЕ ВО МЕНЗАТА НА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ ВО АВТОКОМАНДА Студентите ја приклештија со вратата

Фотографиите од змијата приклештена на врата испратиле студенти сместени во домот.

1,120

Змија вчера попладнето влегла во мензата во студентскиот дом „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда во Скопје, објави агенцијата Мета.мк.

Фотографиите од змијата приклештена на врата испратиле студенти сместени во домот.






Директорот на Државниот студентски дом Скопје (ДСД Скопје), Виктор Велевски за Мета.мк потврди дека змијата влегла во студентската менза и дека се запознаени со настанот.

Тој додава дека е потребно да се одржува теренот и околу студентскиот дом „Стив Наумов“, затоа што е загрозена безбедноста на сите граѓани на општината, а не само на студентите кои се сместени во домот.

Поврзани содржини