ВИ СЕ ИЗВИНУВАМ ЗА НЕПРИЈАТНОСТИТЕ ШТО ГИ ПРЕДИЗВИКА ЛЕВИЦА Прво обраќање на Мицкоски од собраниската говорница

Со неколку клипчиња на социјалните медими ќе се обидат да ве девалвираат, но и граѓаните кои масовно ја поддржаа идната влада. Се извинувам и на оние кои го дадоа гласот за овие малкумина пратеници, кои очекуваат дека со агресивен стил ќе постигнат нешто, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

346

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како пратеник се обрати на собраниската говорница и рече дека „им се извинува на сите за непријатностите што ги предизвикале народните избраници на Левица“.

Претходно сите шест пратеници на Левица зедоа збор и беа најжестоки против изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието, со аргументи дека тоа претставува „етнотрибализација и косоваризација на Македонија“,

– Со неколку клипчиња на социјалните медими ќе се обидат да ве девалвираат, но и граѓаните кои масовно ја поддржаа идната влада. Се извинувам и на оние кои го дадоа гласот за овие малкумина пратеници, кои очекуваат дека со агресивен стил ќе постигнат нешто. Јас сакав само да кажам неколку важни работи што ќе следат – ќе следат години на владеење на право, борба против корупција, но ќе има и вакви егзибиционисти. Ќе навредуваат, омаловажуваат во отстуство на идеја. Имаа можност да застанат зад политиките над половина милион граѓани. Го одбија повикот за национално единство, стопани им се Артан Груби и Али Ахмети, па го бојкотиравте изборот на Гордана Сиљановска Давкова за претседател – рече Мицкоски.

Тој посочи дека Македонија ја очекуваат години на реформи, развој, владеење на право, години на бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

– Оние егзибиционисти кои се во отсуство на идеја, понижуваат и омаловажуваат а истите тие имаа можност да застанат позади нашата политика, онаа која ја гласаа половина милион наши граѓани, Македонци, Турци, Албанци, Роми од различни етнички припадности во Македонија – истакна Мицкоски.

Поврзани содржини