КИМ ЈОНГ УН, ЕДНОСТАВНО, НЕ МОЖЕ ДА СЕДИ МИРЕН Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета

Претставник на јапонската Влада изјави дека имало проблем за време на лансирањето и се слушнал удар како експлозија, пренесе НХК.

904

Северна Кореја денеска лансираше неидентификувана ракета во правец на југозапад, соопштија армиите на Јужна Кореја и на Јапонија.

Јапонската влада претходно денеска издаде итно предупредување до жителите на јужната префектура Окинава да ја избегнат заканата од севернокорејската ракета.






Подоцна, предупредувањето беше укинато бидејќи властите утврдија дека проектилот нема да стигне до јапонска територија.

Претставник на јапонската Влада изјави дека имало проблем за време на лансирањето и се слушнал удар како експлозија, пренесе НХК.

– Ракетата исчезна од радарот – рече официјалниот претставник, додавајќи дека лансирањето најверојатно било неуспешно.

Северна Кореја претходно ја информираше Јапонија дека планира да лансира сателит меѓу 27 мај и 4 јуни.

Поврзани содржини