„МЕ ПОГОДИ КАКО ГЛАСАШЕ МАКЕДОНИЈА“ Многу вложив во односите со нашите браќа, вели Вучиќ

Ме погоди Македонија. Без разлика на приказната дека тоа е претходната влада, а од претходната влада ќе кажат не сме ние туку Албанците и ќе има безброј оправдувања. Најмногу вложив во односите со нашите македонски браќа и тие за нас секогаш ќе бидат браќа, но односот не е фер. Се покажа дека Грција имаше поголема „кичма“ од Македонија. Тоа ме погоди, а Црна Гора не, бидејќи тоа го очекував, објасни Вучиќ.

2,523

Претседателот Александар Вучиќ вечерва во интервју за ТВ Прва се пожали дека најмногу го погодило тоа што Македонија гласаше за поддршка на Резолуцијата за геноцид во Сребреница. Вучиќ вели дека тоа што Црна Гора гласала за не го погодило бидејќи тоа го очекувал, но оти е разочаран од гласот од Македонија.

– Ме погоди Македонија. Без разлика на приказната дека тоа е претходната влада, а од претходната влада ќе кажат не сме ние туку Албанците и ќе има безброј оправдувања. Најмногу вложив во односите со нашите македонски браќа и тие за нас секогаш ќе бидат браќа, но односот не е фер. Се покажа дека Грција имаше поголема „кичма“ од Македонија. Тоа ме погоди, а Црна Гора не, бидејќи тоа го очекував – објасни Вучиќ.

Поврзани содржини