МИЛЕНИКОТ НА ВАРДАРОВИТЕ НАВИВАЧИ ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА Иван Чупиќ ја завршува ракометната кариера

Иван Чупиќ настапуваше за Вардар од 2016 до 2021 година, а засегаш ги освои срцата на навивачите со голот против ПСЖ во последната секунда за големиот триумф на „црвено-црните“ во финалето на Ф4 турнирот од Лигата на шампиони во Келн.

497

Поранешниот ракометар на Вардар и на репрезентацијата на Хрватска, Иван Чупиќ (38) објави дека на крајот од сезоната ја завршува играчката кариера. Но тој сепак ќе остане во ракометот како дел од стручниот штаб на РК Загреб, клубот во кој ќе го одигра последниот натпревар.

– Сигурен сум дека во четврток ќе го одиграм последниот натпревар во кариерата. Останувам дел од тимот затоа што инсистираше Андрија Николиќ. Сакам да бидам и тренер, ќе видиме дали таа улога е за мене – изјави Чупиќ.






Чупиќ настапуваше за Вардар од 2016 до 2021 година, а засегаш ги освои срцата на навивачите со голот против ПСЖ во последната секунда за големиот триумф на „црвено-црните“ во финалето на Ф4 турнирот од Лигата на шампиони во Келн.

Иван Чупиќ е еден од најдобрите хрватски ракометари. Во својата богата кариера со хрватската репрезентација има освоено олимписка бронза на ОИ 2012 во Лондон, сребрен и бронзен медал на светските и два сребрени и два бронзени медали на европските превнства. Чупиќ има освоени три титули во Лигата на шампионите, една со полскиот клуб Киелце (2015/2016) и две со Вардар (2016/2017, 2018/2019).

Поврзани содржини