📽️ 📷 ЏАСТИН БИБЕР ЌЕ СТАНЕ ТАТКО! Хејли е бремена, сега сите знаат зошто пејачот плачеше
Пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга, моделот Хејли Болдвин Бибер ќе станат родители за првпат. Среќната вест ја споделија во емотивна објава на Инстаграм, каде веќе се гледа нејзиниот труднички стомак.
Пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга, моделот Хејли Болдвин Бибер, ќе станат родители за првпат. Среќната вест ја споделија во емотивна објава на Инстаграм, каде веќе се гледа нејзиниот труднички стомак.
Хејли и Џастин објавија сет фотографии и видео на кое се гледа нејзиниот труднички стомак во долг бел фустан од тантела, објавувајќи дека ќе станат родители. Тие снимија неколку видеа во кои ја објавија среќната вест без да ја кријат својата радост. А судејќи по видеото, Хејли веќе е во поодмината бременост.
View this post on Instagram
Иако се шпекулираше дека нивниот брак е во криза и дека поминуваат одредено време разделени, се чини дека сите грешат. Нивната врска е посилна од кога било, а бебето Бибер е на пат!
Хејли и Џастин се венчаа во 2019 година, но во текот на годините имаа подеми и падови во бракот.
View this post on Instagram
Неодамна пејачот објави фотографии на кои плаче, поради што многумина се загрижија, а очигледно тоа биле солзи радосници!
Џастин Бибер претходно беше долги години во врска со пејачката и актерка Селена Гомез, со која раскина во 2018 година и веднаш започна врска со Хејли Бибер, со која се венча по кратко време.
ФОТО: Инстаграм