📷 СЛАВНАТА АКТЕРКА СЕ ПОРОДИ ДОМА ВО БАЗЕН Го доби четвртото дете, објави фотографии од раѓањето на ќерката
Холивудската актерка Хилари Даф го роди четвртото дете, а трето со сегашниот сопруг Метју Кома.
Холивудската актерка Хилари Даф го роди четвртото дете, а трето со сегашниот сопруг Метју Кома.
Познатата актерка се породи дома и роди ќерка која го доби името Таунес Медоу Бир, а за сè ја информираше јавноста на Инстаграм. Хилари ги сподели фотографиите направени веднаш по доаѓањето на нејзината ќерка на свет и за кратко време собра над милион лајкови.
View this post on Instagram
„Таунес Медоу Бир, сега знаеме зошто нè натера да чекаме толку долго… Ги усовршуваше тие образи. Сонував да те држам во раце со месеци, а изминативе пет дена откако те запознав, те гледав и мирисав беа моменти на чиста магија. Сите те сакаме како да си била овде сето ова време“, напиша Хилари Даф.
Да потсетиме, актерката и нејзиниот сопруг веќе имаат две ќерки, Бенкс и Меј, кои исто така ги роди дома во базен со топла вода, што е многу популарен тренд во странство.
Покрај трите ќерки, Хилари го има и синот Лука од првиот брак со Мајк Комри.
View this post on Instagram