📷 АВТОМОБИЛ ПРЕСЕЧЕН НА ПОЛОВИНА ВО СООБРАЌАЈКА ВО ВЛАЕ Задниот дел на возилото летнал на педесетина метри

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од с.Љубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, наведуваат од МВР.

3,586

Автомобил „шевролет“ е пресечен на половина по удар со друг автомобил „Ауди“ кај мостот „Влајко“ во Влае. На местото има полиција, а пристапот е отежнат. Детали околу тоа како се случил сударот уште нема.

На фотографиите кои ги направи нашата екипа може да се види дека на педесетина метри од предниот дел од автомобилот се гледа откинат неговиот заден дел.






Од фотографиите може да се види дека сериозно оштетен е и предниот дел на автомобилот „ауди“.

Полицијата соопшти дека патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, го управувал Е.С.(32) од Скопје, а „аудито го возел Б.А.(27) од с.Сарај, скопско.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од с.Љубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, наведуваат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини