📷 ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ ОСАМНА НА ПРЕСТИЖНИОТ ЊУЈОРШКИ УНИВЕРЗИТЕТ Студентите ја окупираа зградата на Универзитетот Колумбија
Nа видеата кои кружат на социјалните мрежи се гледаат демонстранти во кампусот на Менхетен како поставуваат мебел и метални барикади пред Хамилтон Хол, една од неколкуте згради што беа „окупирани“ и за време на протестите за граѓански права и против војната во Виетнам во 1968 година.
Десетици демонстранти ја окупираа зградата на Универзитетот Колумбија во Њујорк, ги забарикадираа влезовите и го истакнаа палестинското знаме низ прозорецот, во најновата ескалација на демонстрациите против војната меѓу Израел и Хамас кои се проширија на универзитетските кампуси низ САД, пренесува Асошиејтед Прес (АП).
Според АП, на видеата кои кружат на социјалните мрежи се гледаат демонстранти во кампусот на Менхетен како поставуваат мебел и метални барикади пред Хамилтон Хол, една од неколкуте згради што беа „окупирани“ и за време на протестите за граѓански права и против војната во Виетнам во 1968 година.
hamilton hall occupied by columbia students, renamed Hind’s Hall in honor of our martyr Hind Rajab. pic.twitter.com/Rwlu9mSwYn
— maryam مريم🇵🇸🍁 (@bluepashminas) April 30, 2024
Организаторите на протестот имаа објава на Инстаграм веднаш по полноќ по локално време, во која ги повикуваат луѓето да го заштитат кампот и да им се придружат во Хамилтон Хол.