📷 🎥 НИКОЛА РОКВИЌ ПОВЕЌЕ НЕ ПЕШАЧИ САМ ЗА ГРЦИЈА! На осмиот ден од мисијата му се придружија овие две русокоси
Српскиот пејач Никола Роквиќ пред осум дена од хуманитарни причини пеш тргна кон Грција. Си поставил за цел за 30 дена да стигне до Егина, која е оддалечена 1.060 километри од Белград, каде ќе се помоли пред иконата на Свети Нектариј Егински.

Пејачот пред неколку дена се сретна со семејството, сопругата Бојана Баровиќ и нивните три деца кои ќе го чекаат во Грција. Сега доживеа ново изненадување. Имено, на ова патување осмиот ден му се придружиле неговата мајка Славица Роквиќ и тетката Сузана Милосављевиќ.
Видеото го објави на Инстаграм, каде што се оглсува уште од почетокот на ова хумано патување.
– Еве јас имам поддршка, таму се мајка ми и тетка ми. Мајко, како е? – рекол Никола, а двете згодни русокоси одговориле со насмевка.
– Супер, одиме за Грција – рекоа.
Пред да открие кој му се придружил во пешачењето, Никола ги известил своите следбеници дека досега се собрани шест милиони динари. Инаку, тој со овој гест сака да ги поттикне луѓето да донираат пари кои ќе бидат насочени за помош на децата кои се лекуваат на онкологија. За еден апарат потребни се 150.000 евра и околу 50.000 евра за реновирање на детската онкологија.
View this post on Instagram