ЗА ОСМАНИ „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ Е ШОВИНИСТИЧКИ ПОВИК Mинистерот тврди дека тоа е омаловажување на секој Албанец
Овој обид за омаловажување на секој Албанец, но и на граѓаните од заедниците кои низ годините ја имале истата судбина со Албанците, го мобилизираше народот. Посебно гласачите на опозицијата. Веќе не е прашање на избори помеѓу ‘Европскиот фронт‘ и помеѓу ‘Вреди‘. Имаме ситуација на мобилизација против обидот на рушење на достоинството на народите во оваа држава, зборувајќи за идна влада уште пред да се изјасни народот на 8 мај. Тоа ќе создаде една нова ситуација на 8 мај. Ваква мобилизација немам видено подолго време во политиката, вели Османи.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека слоганот „Твоја Македонија“ на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е шовинистички. Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција која беше посветена на 55 години од работата на министерството Османи изјави:
– Да повикате државата да биде ‘повторно твоја‘ алудирајќи на фактот дека ако има министер за надворешни работи – Албанец, државата не е нивна, туку била на Албанците, е најсрамниот и најшовинистички повик кој може да се претстави во една мултиетничка држава. Каде ќе ја носиме државата ако така мислиме, дека затоа што има премиер Албанец, државата била на Албанците, а сега на избори ќе треба да ја вратиме на Македонците. Национализмот раѓа национализам. Тоа е еден круг од кој мислев дека се извлековме. Овие сите успеаја повторно да го вратат тоа чувство кај Албанците и останатите – рече Османи.
Според него, слоганите кои биле користени од страна на опозицијата не само што го извадиле народот на улица туку, како што рече, ги извадиле и политичарите од нивните кожи.
– Овој обид за омаловажување на секој Албанец, но и на граѓаните од заедниците кои низ годините ја имале истата судбина со Албанците, го мобилизираше народот. Посебно гласачите на опозицијата. Веќе не е прашање на избори помеѓу ‘Европскиот фронт‘ и помеѓу ‘Вреди‘. Имаме ситуација на мобилизација против обидот на рушење на достоинството на народите во оваа држава, зборувајќи за идна влада уште пред да се изјасни народот на 8 мај. Тоа ќе создаде една нова ситуација на 8 мај. Ваква мобилизација немам видено подолго време во политиката. Жалам што ова сега го зборувам кога имам прес-конференција во Министерството за надворешни работи каде сме собрани поради убав повод, 55 години МНР, но добив новинарско прашање и морав да одговорам – рече Османи.
Османи ја коментираше и изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ претпочита по парламентарните избори да има коалиција со партијата на етничките Албанци ВРЕДИ.
– Не одлучува Мицкоски кој ќе биде претставник на Албанците. За тоа ќе одлучи народот – вели Османи додавајќи дека тоа е како „времето кога Белград сам одбрал Рахман Морина да биде претставник на Албанците од Косово“.