📽 СРПСКИ „ПИНК ПАНТЕРИ“ ПРАЗНАТ ЗЛАТАРНИЦИ ВО АТИНА Кражбата снимена со камера, пленот вреден над 300.000 евра

Осомничените српски криминалци од декември 2023 ограбиле најмалку две златарници во центарот на Атина.

520

Двајца српски државјани на возраст од 50 и 53 години се уапсени во средата во Грција поради сомнеж дека во Атина ограбиле најмалку две златарници од кои однеле плен вреден над 300.000 евра. Безбедносните камери на една од ограбените златарници го снимиле моментот кога ограбувачот го вадел накитот од витрините.

Првичните сознанија укажуваат на тоа дека уапсените се припадници на озлогласената криминалната група Пинк пантер.






Криминалците се осомничени дека од декември 2023 ограбиле најмалку две златарници во центарот на Атина. Ги бирале оние кои делат ѕид со празен објект. Во вечерните часови влегувале во напуштената зграда, правеле дупка во ѕидот, а потоа еден од ограбувачите влегувал во златарницата и го земал златото.

Осомничените Срби, според српските медиуми, користеле лажни документи, управувале со возила со странски таблички кои биле регистрирани на лица без криминално досие. До златарниците доаѓале пешки или со возила кои ги паркирале на одредена оддалеченост за полицијата да не може да ги поврзе со нив.

Грчката полиција објави дека двајцата осомничени Срби имаат богати криминални досиеја.

Поврзани содржини