ДО 18.30 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 48,46 ОТСТО ИЗБИРАЧИ Правото на глас го искористиле повеќе од 800.000 лица
Гласовите се пребројуваат, а во моментот, од 90,76% обработени информации од 3.184 избирачки места, досега гласале 801.540 лица.
Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,46 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија.
Гласовите се пребројуваат, а во моментот, од 90,76% обработени информации од 3.184 избирачки места, досега гласале 801.540 лица.
Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски соопшти дека најголема излезност има во Новаци каде на гласање излегле 71,07, а најмала во Центар Жупа 16,90 проценти.
– Гласањето помина мирно без поголеми инциденти на гласачките места – изјави Даштевски.
Продолжено гласање ќе има во едно место во Демир Хисар, Липково, Могила и во Делчево.
Уважени се 134 поплаки од граѓани за избирачко право, на бесплатна телефонска линија на ДИК имало 10 јавувања на граѓани, а како видео повици имало од осум лица со оштетен слух.