ЛИЧНИ КАРТИ ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ В СРЕДА НА ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ Еве до колку часот ќе работат шалтерите на МВР
Граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.
Личните карти ќе може да се подигнуваат и в среда на првиот круг од претседателските избори, информираше Министерството за внатрешни работи
„Во пресрет на претстојните претседателски избори што ќе се одржат во среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот“, велат од МВР.
Оттаму додаваат дека граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.