📽 САМО ЗА ВИРТУЕЛНИ ТЕМИ, САМО ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ РАСПРАВАМЕ Треба да носиме инвестиции, 50 милијарди евра ја оправаат Македонија

"Ние ќе ги подготвиме нашите инвестициски проекти и прво ќе им ги понудиме на Европската Унија. Ако нема интерес, ние ќе ги отвориме вратите за сите. Како може секаде да ги има тие инвеститори, од Саудиска Арабија, од Катар, од Емиратите, од Кина, да ги има и во земји членки на НАТО и ЕУ, а во Македонија не смеело?", вели претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски, во поткастот на Плусинфо.

719

„Доста цело време се занимаваме со виртуелни проблеми, со Бугарите во Уставот, на пример. Главна преокупација треба да ни бидат инвестициите, отворањето нови работни места и фабрики, подигањето на животниот стандард”.

Ова го вели претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски во поткастот на Плусинфо, во разговор со новинарот Бранко Героски.






Јакимовски зборува за своите планови како Македонија да се дојде до посакуваните 50 милијарди евра странски инвестиции, за кои говори во кампањата.

– Ние ќе ги подготвиме нашите инвестициски проекти и прво ќе им ги понудиме на Европската Унија, но и на земјите членки на Г-7 и Г-20. Ако нема интерес, ќе ги отвориме вратите за сите, бидејќи не можеме да ја оставиме Македонија без странски инвестиции.

Запрашан дали алтернативата ја гледа во Саудиска Арабија и во други земји од Блискиот и Далечниот Исток, Јакимовски објаснува:

– Е ајде, објаснете ми како може секаде да ги има тие инвеститори, од Саудиска Арабија, од Катар, од Емиратите, од Кина, а во Македонија да ги нема. Како може руски инвестиции да има во Грција, членка на НАТО и на Европската Унија, а да нема кај нас? Како може тие инвеститори да ги има во Лондон, во Берлин, во Америка, само во Македонија не? Ние си правиме некаква автоцензура, која ни нанесува голема штета.

Во поткастот Јакимовски отворено зборува за постоењето на руски сентимент во Македонија, а изнесува и интересни детали за својата посета на партијата на Путин, Единствена Русија, во Москва во 2017 година, за што е често критикуван во јавноста.

Тој зборува и за опасноста од војна меѓу Европа и Русија, но и за тоа како Македонија треба да се постави во такви околности.

Пословично фајтерски настроениот Јакимовски зборува и за други интересни теми во интервјуто кое трае нешто повеќе од 1 час. Погледнете го:

Поврзани содржини