БАЈДЕН НЕМА МЕНТАЛНИ ПОПРЕЧЕНОСТИ Американскиот јавен обвинител го брани претседателот

Прашањето за менталните способности на претседателските кандидати во САД стана главна тема на овогодинешната претседателска кампања, имајќи предвид дека Џо Бајден (81) и Доналд Трамп (77) се двајцата најстари кандидати кои се избрани на позицијата американски претседател.

191

Aмериканскиот државен обвинител Мерик Гарланд ги бранеше менталните способности на претседателот Џо Бајден говорејќи на панел дискусија пред претставници на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес

– Претседателот нема (ментални) попречености. Го гледав како стручно води состаноци на персоналот и разговара со членовите на кабинетот за надворешна политика, воени и стратешки прашања. Имам целосна доверба во претседателот – рече Гарланд, истакнувајќи дека Бајден бил одлучен во донесување одлуки за заштита на американските национални интереси.






Бајден, кој наполни 81 година, е најстариот претседател во историјата на САД. Сепак, во екот на изборната кампања во која тој се натпреварува за втор мандат во Белата куќа со неговиот републикански ривал Доналд Трамп (77), анкетите на јавното мислење покажуваат дека годините на Бајден се најголема грижа за американските гласачи.

Прашањето за менталните способности на претседателските кандидати стана главна тема на овогодинешната претседателска кампања, имајќи предвид дека Бајден и Трамп се двајцата најстари кандидати кои се избрани на позицијата американски претседател.

Поврзани содржини